logo
logo
logo

Предизборно пребројување

“Од Шарен на Заев и советник на Катица - ОПОЗИЦИОНЕР НЕ БИВА“

Vecer | 28.07.2021

“Од Шарен на Заев и советник на Катица - ОПОЗИЦИОНЕР НЕ БИВА“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски го обвини Апасиев дека неговата партија Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата.

Патем, потсети дека Апаисев е е ден од лидерите на т.н. насилна шарена револуција која предизвика промена на власта иако СДСМ не победи на избори, бил на платниот список на СЈО кое запаметено како егзекутор за потребите на оваа власт... и дека Апасаиев и Левица не се опозиција, туку тројански коњ на власта во опозицијата со цел да се одземат гласови од ВМРО ДПМНЕ за потреби на СДСМ.

“Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење. Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката.

Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер.

Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива. Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев.

Задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво. Апасиев и Левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на ФБ, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција“, пишува пратеникот Бране Петрушевски во неговата објава на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk