logo
logo
logo

Од починатите 1.506 лица од ковид, 17 отсто биле вакцинирани

Vecer | 22.10.2021

Од починатите 1.506 лица од ковид, 17 отсто биле вакцинирани

Во периодoт од 6 август до 21 октомври на територијата на целата држава од тестираните за ковид-19 позитивни биле 42.945, а од нив 11.253 лица или 26% биле целосно вакцинирани, информира Министерството за здравство.

Според статистиката на Министерството, во овој период 31.692 граѓани, односно 74% од позитивните на ковид-19 и 76 проценти од хоспитализираните не биле вакцинирани.

Исто така, анализата покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема и во овој период од ковид-19 починале 1.506 лица од кои 1.246 пациенти, односно 83 отсто не биле вакцинирани, а 260 пациенти или 17 отсто имале примено вакцина. Овие лица, како што се вели во анализата, имале повеќе хронични заболувања. Инаку, пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои што ги има на располагање во земјава.

Министерството за здравство повторно укажува на важноста на вакцинација, а секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Истовремено оттаму апелираат граѓаните да се вакцинираат, зашто само така ќе се стигне до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на ковид-19.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk