logo
logo
logo

Од недела почнува ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ на времето! ДАЛИ ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ПРОМЕНА?!

Vecer | 22.03.2021

Од недела почнува ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ на времето! ДАЛИ ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ПРОМЕНА?!

Летното сметање на времето ќе почне во недела, на 28 март во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се помести еден час напред на 3 часот. Летното сметање ќе заврши на 31 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час наназад.

Европскиот парламент уште пред 2 години го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила оваа година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето. Тоа значи дека за некои земји кои планираат да останат на летно сметање на времето, ова ќе биде последното поместување на стрелките на часовникот.

Она што е добро во летното сметање на времето е што денот трае подолго. Веќе може да се забележи дека се стемнува околу 18 часот, што значи дека пред крајот на месецот, вечерта ќе ни доаѓа некаде по 19 часот а во летните месеци, сонце ќе имаме и по 20 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk