logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Од Ковачевски биле побарани забелешки на предлогот, НЕМАЛ НИТУ ЕДНА“

Vecer | 24.06.2022

„Од Ковачевски биле побарани забелешки на предлогот, НЕМАЛ НИТУ ЕДНА“

Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис. Ковачевски 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата, велат од партијата во соопштение до јавноста.

Тие потенцираат дека од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една.

- Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси. Откако е фатен жив како преговарал и договорил предлог кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира, истакнуваат тие.

Во соопштението се додава дека Ковачевски не може повеќе да го лаже народот.

- Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата. Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ немаат никаков основ да продолжат да ја водат владата, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk