logo
logo
logo

ОД КАДЕ Е ЗАПЛЕНЕТА ДРОГА и кој ги контролира фирмите што одгледуваат канабис?

Vecer | 13.04.2021

ОД КАДЕ Е ЗАПЛЕНЕТА ДРОГА и кој ги контролира фирмите што одгледуваат канабис?

Четири дена по акцијата за заплена за дрога кај Плетвар која ја спроведе Американската агенција за борба против дрога -  ДЕА во соработка со МВР,  не се знае од каде потекнува запленетата марихуана.

Се уште не е откриено дали таа потекнува од некоја од македонските компании кои одгледуваат марихуана за медицински цели, или е пресечен меѓународен шверц на дрога.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, веќе неколку денови прашуваат дали таа потекнува од битолската фирма „Медикал 420“ , а воедно прашуваат и за поврзаноста на дрогата со Трајче Заев, кој демантираше инволвираност.

Од Обвинителството за органзиран криминал засега не отриваат од кадее дрогата, во интрес на истрагата.

Според Законот, контролата врз производството и прометот со опојните дроги ја врши Комисија во рамки на Министерството за здравство. Од таму велат дека стојат на располагање и постапуваат по насоките и наредбите на Јавното обвинителство.

Од здруженито МАККАНАБИС, за Канал 5 велат дека во земјава има 61 фирма со лиценца за одгледување на цвет од канабис во Македонија, и само 5 кои произведуваат масло, кое засега единтвено е дозволено за извоз.

Освен сомнежите за последното откриена марихуана, во последните неколку месеци имаше и два случаи на грабежи од складиштата на одгледувачите.. Од валандовско Јосифово беа украена 2 тони, а од крушевско Алдинци 60 килограми..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk