logo
logo
logo

ОД ВЛАДА ВЕЛАТ:

Од Институтот за македонски јазик самите понудиле нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција 

Vecer | 07.05.2021

Од Институтот за македонски јазик самите понудиле нови толкувања за зборовите што предизвикаа реакција 

Два дена откако беше промовирана дигиталната верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик, од Владата најавуваат повлекување на спорни толкувања на зборови што предизвикале реакции во јавноста.

- Владата на Македонија, заедно со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик ‘Крсте Петков Мисирков“ многу јасно и прецизно ги договорија улогите во подготовката на процесот и во поставувањето на севкупниот зборовен фонд од Толковниот речник на македонскиот јазик, кој е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и лингвисти од Институтот за македонски јазик, кои се единствено стручни за оваа област и имаат и надлежност за содржината на речникот,велат од Владата.

Владата, како што велат оттаму, согласно со својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел, како што се наведува, да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

- Тоа значи дека платформата makedonski.gov.mk понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива, а Владата и понатаму ќе ја има единствено улогата да го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот. Во комуникацијата со Институтот за македонски јазик, откако во јавноста се појавија реакции за одделни лексеми во речникот, првите луѓе на редакцијата и на Институтот самите понудија толкувањата на зборовите што предизвикаа реакции да бидат привремено повлечени и многу бргу во наредниот период да бидат заменети толкувања соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст“,се наведува во владиното соопштение.

Од Владата велат дека за овој чекор, како согласност за содржината на соопштението, дала и раководителката на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ професор д-р Снежана Велковска.

- Владата, во комуникацијата со Институтот и со раководниот тим на Толковникот, покажа висока почит и разбирање за стручноста и автономијата на научните работници и размената на мислења поврзана за реакциите се водеше исклучиво во контекст на социо-лингивистичките аспекти, согласно со современите општествени текови и прифатени вредности. И во таа насока, понуденото решение за ново вредносно толкување, со целата почит кон методологијата на тимот научници, дојде токму од нив, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk