logo
logo
logo

Од денеска СЕ ПЛАЌААТ СМЕТКИ ВО ПОШТА само во 14 градови, другите до крај на март

Vecer | 01.03.2021

Од денеска СЕ ПЛАЌААТ СМЕТКИ ВО ПОШТА само во 14 градови, другите до крај на март

Граѓаните повторно ќе може да плаќаат сметки во Пошта. Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2, подружниците во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани и Куманово.

Во текот на месец март услугата ќе стане достапна и во сите останати единици на Пошти.

Согласно договорот потпишан меѓу Македонска пошта и Халкбанк АД Скопје, која беше избрана за банка преку која ќе се одвива платниот промет на Пошта, Халкбанк ја исполни својата обрска според која до 1 март требаше да го имплементира системот за наплата за Македонска пошта.

Плаќањето во готово преку шалтерите на Пошта ќе биде со особено поволни провизии. Односно 35 денари за плаќање на сметки и други режиски трошоци, додека висината на провизиите за уплати кон буџетски установи е во зависност од износот кој се уплаќа.

Со оглед на широката мрежа на експозитури и тоа во места во кои граѓаните немаа друга можност за вршење на трансакции од платниот промет, од Пошта очекуваат дека претпријатието во многу скоро време ќе се врати на првобитната позиција која ја имаше до пред неколку месеци – каде се одвиваше 25% од вкупниот платен промет во државата.

Според најавите, во скоро време коминтентите на Халкбанк на шалтерите на Пошта ќе можат да вршат и директни плаќања од своите сметки, а ќе бидат овозможени и други банкарски, дополнителни услуги.

Платниот промет, во првата недела ќе биде достапен во повеќе подружници на Пошта и тоа: во Скопје 1 и Скопје 2,...

Posted by Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut on Sunday, February 28, 2021

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk