Од денеска до четврток, посебен сообраќаен режим на неколку улици во Скопје

По повод претстојниот Дигитален самит на земјите од западен Балкан што утре и задутре (среда и четврток) ќе се одржува во Скопје, во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), во текот на денешниот ден од 15 часот, како и наредните два дена, односно до 15, 30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.

Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците Јадранска магистрала, Скупи, делови од булеварите Осми Септември, Илинден, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“).

Исто така, како што соопшти МВР, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до скопскиот аеродром.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари