logo
logo
logo

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Vecer | 11.05.2021

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа


Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот како што беше досега, и да трае се до 4 часот наутро.

По претходно донесената одлука на Владата од 27 април, исклучок од забраната за движење ќе има утре, односно од 12 кон 13 мај, кога пореди верскот празникот Рамазан Бајрам нема да има полициски час.

Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од…

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Вторник, 11 мај 2021

Од Владата посочија и дека угостителските објекти од утре (12 мај) ќе смеат да работат до 23 часот и 30 минути, но само во отворениот дел од објектите.

Истовремено, одлучено е дека може да се организираат настани, согласно протоколите, но само со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Со одлуката се зголемува и бројот на децата кои се згрижуваат во градинките, односно, наместо 15 деца, сега ќе може да се згрижуваат по 20 деца во една група.
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните пак, од утре ќе може да отпочнат со работа во нивните објекти.

Од Владата истакнаа и дека на денешната седница е одлучено да се дозволи користење на годишните одмори за здравствените работници.

Ваквите мерки, како што посочуваат од таму, ќе важат до 18 мај.

Mинистерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.

На Инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава лежат 701 коивид-пациент и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид-центрите.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk