logo
logo
logo

Од Атина упатен повик, претставниците на законодавните домови да се заложат за мерки за безбедна и здрава животна средина

Vecer | 21.10.2021

Од Атина упатен повик, претставниците на законодавните домови да се заложат за мерки за безбедна и здрава животна средина

Европската конференција на претседатели на парламенти која се одржува во Атина на 21 и 22 октомври, во организација на грчкиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, ја отворија претседателот на грчкиот парламент, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа и генералната секретарка на Советот на Европа.

Воведничарите, изразувајќи задоволство поради физичкото присуство на 48 претседатели на парламенти, ја истакнаа важноста на темите за кои ќе се дебатира во текот на дводневниот самит и предлозите кои би требало да се упатат до владите за преземање  активности со цел надминување на денешните предизвици. Во однос на темата за споделување искуства за предизвиците кои пандемијата со Ковид-19 ги наметна врз демократиите и за решавањето на слични кризи во иднина, беше подвлечена важноста на парламентите како гаранти на демократијата во време на криза и беше поздравен фактот што повеќето парламенти успеаја да ги обезбедат неопходните прилагодувања на нивните правила и процедури со цел да продолжат да ги извршуваат уставните улоги за време на пандемијата.

Во освртот улогата на парламентите и правото на здрава и одржлива животна средина, беше упатен повик претставниците на законодавните домови да се заложат за усвојување мерки со кои ќе се обезбеди правото на безбедна, чиста, здрава и одржлива животна средина, вклучително и преку дополнителен протокол кон Европската конвенција за човекови права, кој треба да биде правно обврзувачки за земјите членки. Експлицитното признавање на правото на здрава и одржлива животна средина во Европа како и во другите региони во светот, ќе го отвори патот за решителна акција и на европско и на национално ниво.

Според агендата, претседателот Џафери ќе се обрати на вториот ден на Конференцијата, на темата „Заедничката иднина на сите европски граѓани“, а на маргините на Конференцијата предвидени се средби со домаќинот, претседателот на грчкиот парламент и со потпретседателката на шведскиот парламент.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk