ОД 2000 ПИТАЧИ НА 3000 ЗА КРАТКО ВРЕМЕ, децата се видливи за тоа е забрането со закон

Јас не сум задоволен од досегашните резултати. Бројката на питачи за краток период се зголеми од 2.000 на 3.000. Не знам дали нешто преземаат надлежните. Ние на МВР им дадовме насоки како да постапуваат за да се тргнат децата од улиците, а бевме да разговараме со сите градоначалници. Се додека и последното дете не го тргнеме од улица и питачење, ќе се бориме, вели Илија Јовановиќ од НВО „Градиме иднина“ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.
Забранети се со закон и питачењето и злоупотребата на деца, а тие деца се видливи.
– Детските домови се затворија. Има и други објекти кои се руинирани и може да се санираат. Има млади студенти кои завршуваат психологија, педагогија и дефектологија и можат да се ангажираат, вели Јовановиќ и додава дека службите треба да работат со биолошките родители за да ја зголемат грижата за своите деца.
Тој рече дека институциите ќе почнат да преземаат поинтензивни мерки за заштита на децата од улица, но тоа е просец кој ќе трае затоа што станува збор за децениски проблем.