logo
logo
logo

„Очигледно Пиксел Груп се нервозни поради фактот дека се отплеткува мрежата на Соларниот картел каде значаен дел е токму оваа фирма“

Vecer | 02.10.2022

„Очигледно Пиксел Груп се нервозни поради фактот дека се отплеткува мрежата на Соларниот картел каде значаен дел е токму оваа фирма“

Очигледно Пиксел Груп се нервозни поради фактот дека се отплеткува мрежата на Соларниот картел каде значаен дел е токму оваа фирма, ова вечерва преку реакција до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „Останува непознато само кој го пишуваше соопштението на компанијата. Дали тоа е сопственикот и управител Горан Паунов, кум на дезертерот Ковачевски. Или пак самиот Ковачевски кој своевремено е и основач на оваа компанија? Ковачевски е избезумен што јавноста дознава за трговија на влијание и богатење на сметка на грбот на народот. Аферата БРОИЛО покажува дека Ковачевски е кризен профитер“, велат од партијата. Од таму додаваат дека со објавениот демант од Пиксел и КМГ ЕОЛ Квазар кои не знаеме кој го пишувал, само го потврдија она што го говориме, дека последните 4 ипол години на фирмите Пиксел и КМГ ЕОЛ Квазар им одело најдобро.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk