Очекувајте војна за вода, Македонија е меѓу целите на Балканот

Правилото е дека економски неконкурентните земји веќе се подложни на политички, социјални и религиозни немири, а неможноста да се обезбедат доволни количества вода ќе биде само искрата за „државна пропаст". Дури и во случај да нема директни воени конфликти, ОДНИ тврди дека земјите ќе ја користат водата како политички адут, слично на она како се користи денес нафтата.

Нациите ќе ги блокираат реките за да им оневозможат пристап на своите непријатели до вода, терористи ќе креваат брани во воздух, и државите што нема да можат да обезбедат вода за своите граѓани ќе колабрираат. Ова е иднината – претставена од таен американски разузнувачки извештај.
Кабинетот на Директорот за Национално разузнување (ОДНИ – Office of the Director od National Intelligence), организацијата која ги надгледува сите американски разузнувачки агенции како ЦИА и ФБИ, добила задача од американскиот претседател Барак Обама да го истражи влијанието на светските резерви на вода врз безбедноста на САД.

И иако за перспективата на „војна за вода" се зборува веќе со децении, таа може да стане реалност за десетина години. ОДНИ предвидува дека до 2040 дека потребата за вода ќе ја надмине моменталната состојба за 40 отсто.

Недостигот од вода „ќе ги спречи големите држави да произведуваат храна и енергија, создавајќи потреси на светските пазари на храна и спречувајќи го екомонскиот развој". Северна Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија ќе го претрпат најсилниот удар, се вели во извештајот.

И иако проблемот со недостигот е решлив за побогатите земји, тој е ужасно „дестабилизирачки фактор" за посиромашните. Правилото е дека економски неконкурентните земји веќе се подложни на политички, социјални и религиозни немири, а неможноста да се обезбедат доволни количества вода ќе биде само искрата за „државна пропаст".

Меѓу најранливите во сценариото на извештајот се Судан, Пакистан и Ирак, кои се заглавени во нерешливи граѓански конфликти, и Сомалија, која престана да функсионира како ефективна држава. ОДНИ предвидува дека државите ќе им го ограничуваат пристапот до вода на своите граѓани за да „вршат притисок врз населението и да ги потиснат сепаратистичките елементи". Извештајот предвидува дека дека обичните луѓе ќе мора да користат некаков вид на таблети за прочистување слични на оние што ги употребуваат војниците и планинарите за да добијат чиста вода.

Проблемот е што цели групи од нестабилни држави ќе се борат за истите извори на вода.

Извештајот ги потенцира реката Нил, кој тече низ Уганда, Етиопија, Судан и Египет, реката Јордан, која тече низ Израел и неколку арапски земји, и Инд, која ја делат Пакистан и Индиа.

Овие области се менаџираат преку специјални договори, и во извештајот се вели дека „низ историјата, тензиите за вода резултирале со повеќе договори за споделување на водатата отколку што предизвикале насилни конфликти". Но кога вода нема да има доволно за сите, овие нестабилни пактови ќе се урнат, и „посилните држави што ги имаат изворите на својата територија ќе им ги блокираат реките на сите други".

Дури и во случај да нема директни воени конфликти, ОДНИ тврди дека земјите ќе ја користат водата како политички адут, слично на она како се користи денес нафтата.

Инфраструктурните објекти ќе станат драстично политизирани: „Државите ќе ги користат своите способности да градат и поддржуваат големи проекти за снабдување со вода за да се стекнат со регионално влијание или да ги зачуваат стекнатите позиции", се тврди во извештајот.

Дури и меѓународните компромиси нема да бидат доволни за да се обезбеди снабдување со вода.

ОДНИ нагласува дека има период од 10 години за решавање на проблемот пред тој да избега од контрола. Тој сугерира ревизија на меѓународните договори за вода и инестирање во супериорни технологии за прочистување на водата која сѐ подефицитарниот ресурс повторно ќе го направи достапен.

World Resources Institute направи истражување за да утврди кои земји во светот ќе се соочат со сериозна криза за вода. Според резултатите, 37 земји се наоѓаат во голема опасност од криза за вода, а Македонија спаѓа некаде во средната категорија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари