logo
logo
logo

Обвинителството побарало РАШКОВСКИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ШУТКА. Судот одбил

Vecer | 22.07.2021

Обвинителството побарало РАШКОВСКИ ДА СЕ ВРАТИ ВО ШУТКА. Судот одбил

Драги Рашковски разговарал со други осомничени во истрагата за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, тврдело Обвинителството и барало повторно притвор за поранешниот генерален секретар на владата. Кривичниот суд во Скопје ги отфрлил овие тврдења и го оставил во домашен притвор, објави Телма.

За „Телма“ ова го потврдиле и од судот од каде што велеле дека немало основи за Рашковски да се врати во ефективен притвор.

И понатаму ќе остане мерката домашен притвор и забрана за комуникација со останатите осомничени во неговиот случај. Инаку Рашковски првично при приведувањето доби домашен притвор но само после една недела судот по барање на обвинителството го испрати в озатвор оти се утврди дека тој влијаел врз другите осомничени. По месец и половина повторно беше вратен во куќен притвор.

Осомничен е дека ја злоупотребил службената положба и со државни пари набавил и систем за биометриска идентификација, а претходно ист таков си патентирал како негов изум, пишува Телма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk