logo
logo
logo

Обвинителството бара притвор за двajцa учесници на протестот за „Монструм“

Vecer | 27.02.2021

Обвинителството бара притвор за двajцa учесници на протестот за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на возраст од 22 и 19 години, учествувале на вчерашниот јавен собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“.

По завршувањето на говорот на организаторот на протестот, осомничените и повеќе други лица почнале да фрлаат со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети по полицајците во обид да го пробијат полицискиот кордон.

Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничените би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Откако Министерството за внатрешни работи ќе ги комплетира кривичните пријави и за други лица кои извршиле насилнички дејствија за време на протестот, Основното јавно обвинителство Скопје и за нив ќе поведе кривична постапка, соопшти ОЈО.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk