Обвинителството бара куќен наместо затворски притвор за Елена Доцевска-Божиновска

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од кривичниот суд мерката притвор за вработената во собраниската служба, Елена Доцевска-Божиновска, обвинета во врска со настаните во Собранието на 27 април минатата година, да ѝ биде заменет со куќен притвор.

Обвинителството, исто така, побара и оперскиот пејач Игор Дурловски од притворот во затворот во Шуто Оризари да биде пренесен во куќен притвор, а за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска побара да ѝ се укине куќниот притвор и да ѝ бидат определени мерки на претпазливост.

За останатите 32-ца осомничени Обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари