logo
logo
logo

ОБВИНИТЕЛКАТА РАЗГОВАРАЛА СО ЗАЕВ за случајот на Сашо Мијалков

Vecer | 05.06.2021

ОБВИНИТЕЛКАТА РАЗГОВАРАЛА СО ЗАЕВ за случајот на Сашо Мијалков

Одговарајќи на новинарско прашање дали истрагата за наводното бегство на Сашо Мијалков е завршена и дали има утврдено одговорност на институциите за неговото наводно бегство, премиерот Зоран Заев изјави дека не знае дали истрагата е завршена, но дека бил дел од неа.

Не знам за истрагата, но знам дека бев дел од истрагата. Обвинителката Ленче Ристовска имаше интервју со мене, односно бараше детали, податоци, се, што нормално како одговорен и човек, но и претседател на Владата ги соопштив, ги дадов, чекам да ја прочитам, да ја видам навистина истрагата и документот којшто е конечен затоа што мислам дека сите треба да учиме од слабостите на системот или од предностите коишто треба секојпат да ги подобруваме и унапредуваме – одговори Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk