ОБСЕ: Скопје и Атина постигнаа историски договор

Претседавачот на ОБСЕ, италијанскиот министер за надворешни работи Енцо Моаверо Миланези, и генералниот секретар на таа организација Томас Гремингер, го поздравија договорот меѓу Скопје и Атина за решавање на спорот за името.

Тие во соопштенијата наведуваат дека договорот е чекор напред кон јакнење на регионалната стабилност.

– Им честитам на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за нивното лидерство и посветеност на овој процес кој е многу важен за двете земји, за Југоисточна Европа и за Европа во целост – вели Моаверо, додавајќи оти ова е единствена можност што мора да се искористи.

Гремингер, пак, го нагласува значењето на дијалогот и компромисот во овој процес.

– Овој историски договор може да доведе до долгорочно решение во корист на сите граѓани и на целиот регион – наведува генералниот секретар на ОБСЕ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари