logo
logo
logo

Облачно време со врнежи од дожд и од снег

Vecer | 09.03.2021

Облачно време со врнежи од дожд и од снег


Времето ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Денеска и утре ќе преовладува променливо облачно време и особено на северозападот со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Преку ноќта кон среда и в среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.

Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24 ч), особено во ноќта кон среда и в среда претпладне кога во републиката ќе почне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и сѐ потопло време.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk