Метеоролозите за утре (сабота) најавуваат умерено до значително облачно и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

„Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен“, информираат oд УХМР.

Во Скопје се очекува умерено до значително облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во недела ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.

makfax.com.mk