Обезбедени 98 милиони денари за намалување на аерозагадувањето

На денешната седница на Владата на Република Македонија беше разгледан и усвоен предлог за план и мерки за утврдување програма за намалување на аерозагадувањето во Република Македонија.

Соодветно на тоа, на денешната седница е донесена одлука за измени и дополнување на одлуката на Владата на РМ за утврдување на стратешките приоритети за 2019 година, со која намалувањето на аерозагадувањето се утврдува како стратешки приоритет за идната година.

Како една од одлуките на денешната седница, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја вклопи Програма за намалување на аерозагадувањето во предлогот за Буџетот на Република Македонија за 2019 година.

Како првични средства за оваа намена во Буџетот за 2019 година се предвидени 98 милиони денари, со препорака за обезбедување дополнителни финансиски средства за оваа програма да се искористат постоечките потенцијали од донаторската заедница, соопштија од Владата по одржувањето на седницата.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари