logo
logo
logo

Нуредини на лидерскиот самит на Бајден го презентираше македонскиот план за климата

Vecer | 23.04.2021

Нуредини на лидерскиот самит на Бајден го презентираше македонскиот план за климата

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, ја претстави климатската амбиција на Македонија на виртуелна министерска тркалезна маса организирана од американскиот претседателски претставник за клима Џон Кери, во рамки на лидерскиот климатски самит на претседателот на САД, Џо Бајден.

Ревидираниот национално утврден придонес за 51% намалување на емисиите на стакленичките гасови, односно 82% нето редукција до 2030, беше презентиран пред министрите од преку 20 други земји во светот, како дел од заложбата на САД за враќање помеѓу водечките економии за постигнување на климатската неутралност.

На средбата, министерот ја истакнал сериозната амбиција на нашата држава како мала, но ранлива на климатските промени, како и поддршката која е потребна од развиените земји за постигнување на глобалните цели.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk