logo
logo
logo

НОВО ВИДЕО ОД ДИВЕЕЊЕ НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ: Со автомобил вози во спротивна лента 

Vecer | 28.05.2021

НОВО ВИДЕО ОД ДИВЕЕЊЕ НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ: Со автомобил вози во спротивна лента 

На социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави ново видео кое ја згрози македонската јавност – возач со својот автомобил вози во спротивна лента и ја загрозува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Безбедноста во сообраќајот во државава е на исклучително ниско ниво, а во недостаток на елементарна општа и сообраќајна култура, голем број на возачи дивеат на улиците, а својот “подвиг” го објавуваат на социјалните мрежи.

Имено, корисникот на профилот со назив 77shpetim77 има објавено неколку видеа на кои може да се видат низа на флагрантни прекршувања на сообраќајните правила и прописи.

Видеото е објавено на социјалната мрежа „Тик-ток“ на која досега неколку пати беа објавени вакви „предизвици“, кои беа санкционирани. Како ќе постапи сега МВР?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk