logo
logo
logo

НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ - Гасификацијата ВЕЧЕН ПРОЕКТ како како автопатот Кичево-Охрид?

Vecer | 27.09.2022

НОВО ОДЛОЖУВАЊЕ - Гасификацијата ВЕЧЕН ПРОЕКТ како како автопатот Кичево-Охрид?

Македонија се уште ќе чека на гасификација. Проектот кој е најавуван со години и требаше веќе да биде завршен, доби ново одложување уште една година.  

Таква одлука донела владата на седница мината недела.  Ова практично значи дека уште 12 месеци ќе бидат потребни за да се склучи договорот со операторот од јавно-приватното партнерство, а кој ќе треба да донесе природен гас до домовите и до останатите потрошувачи, објави Фактор.  

Владата на крајот од минатата година веќе еднаш донесе одлука за одложување на постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за гасификација на земјата за една година. Рокот од 24 месеци, воспоставен пред три години, сега се зголемува на 48. Гасификацијата во населените места требаше да започне на почетокот од оваа година, но нема да стартува ниту следната. 

Иако имаше кандидати, не е одредено која компанија како приватен партнер ќе го донесе гасот во домовите и останатите потрошувачи преку изградба и одржување на гасната мрежа. 

Владата две години одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, откако претходно заврши првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор  

Инаку одбраната компанија, според условите од договорот, ќе треба да инвестира 300 милиони евра за гасификација на населените места низ земјата.  

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk