logo
logo
logo

Ново амбулатно возило за струшката болница, АМА ДОНАЦИЈА ОД ПРИВАТНИ КОМПАНИИ

Vecer | 23.04.2021

Ново амбулатно возило за струшката болница, АМА ДОНАЦИЈА ОД ПРИВАТНИ КОМПАНИИ

Болницата во Струга доби амбулантно возило како донација од 14 општествено одговорни компании преку фондацијата за развој на образование и култура Албиз.

Новото возило, како што истакна директорот на болницата Арменд Арслани, дополнително ќе ги зајакне капацитетите за транспорт на пациентите до потребната здравствена услуга.

– Тоа ќе овозможи полесен и побрз пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено кога станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење, изјави Арслани, објави Канал 5

Тој изрази благодарност до донаторите, упатувајќи апел за поголема општествено-одговорна свест кај компаниите и бизнисмените за донирање и подобрување на условите на пациентите. Болницата, нагласи директорот, располага со потребната апаратура, но сепак има недостаток од мобилен ренген, кој постојано се користи, како и реконструкција на зградите во енергетски ефикасни.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk