logo
logo
logo

Прва одлука на новиот директор на МКЦ, детектив, - СМЕНА НА БРАВИТЕ

Vecer | 24.01.2023

Прва одлука на новиот директор на МКЦ, детектив, - СМЕНА НА БРАВИТЕ

Новоименуваниот в.д директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), дипломираниот детектив, Никола Алексов ги сменил бравите од сметководството и архивата во објектот, потврди, Маргарита Арсова, програмски уредник во МКЦ.

-Ова кај нас вработените создава и сомнеж и несигурност. Зошто би се менувале бравите? За да влезат вработените затвора и отвара тој и тоа ќе трае додека трае ревизијата на работењето од градот, според она како што биле известени вработените – вели Арсова.

Алексов, без никакво професионално искуство во културата, беше именуван на директорската функција неколку дена по неговото вработување во МКЦ, откако не му беше продолжен мандатот на дотогашниот в.д директор Ванчо Богоев.

Програмскиот колегиум на МКЦ реагираше дека Младинскиот културен центар повторно е на мета на партиските игри. Оттаму ја оспоруваат и легитимноста на назначувањето на Алексов за в.д директор бидејки, како што објаснуваат, не е од редот на вработените на институцијата туку е вработен во агенција за привремени вработувања.

Да се врати буџетот на Младинскиот културен центар (МКЦ) на истото ниво на кое до сега бил финансиран со години наназад и да се спроведе фер и коректен конкурс за избор на директор, на кој ќе се избере најквалитетниот професионален профил кој ќе се пријави на истиот бара неформалното движење „Сите за МКЦ“, организирано од здружението „Гола Планина колектив“. Оттаму подготвиле петиција која може да ја потпишат подржувачите на барањата.

„Сите за МКЦ“ со петиција за враќање на буџетот и фер избор на директор

Во неделата ентузијасти и љубители на независната култура се собраа на платото пред Младинскиот културен центар во знак на протест против политизирањето на културната установа. „МКЦ не е партиска цицка“ и „Културата е скапа! Некултурата поскапа!“, гласеа дел од паролите истакнати на протестот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk