Тежок удар врз стандардот
НОВИ, ПОГОЛЕМИ ДАНОЦИ од 2023-та: Поголем ДДВ, прогресивен персоналец…

Oд наредната година може да очекуваме – поголеми даноци. Со поскапувањата на сите основни животни трошоци плус енерегијата ова ќе биде новиот сериозен удар врз животниот стандард.
Се подготвува зголемување на даноците кое би стартувало од почетокот на идната година. Но, засега за оваа голема работа, како што е воведување на повисоки даночни стапки, е објавено само на веб страната на Министерството за финансии, од каде информираа дека на оваа тема разговорите со бизнис заедницата се веќе започнати.
Министерството за финансии информираше дека пристапиле кон редизајнирање на системот на оданочување во земјата.
„Процесот на сеопфатни даночни реформи е во насока на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем што ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, а во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст.
Предлог-концептот беше претставен од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими заедно со директорките на УЈП и на Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров, пред бизнис-заедницата. На средбата присуствуваа претставници на сите комори во земјава.
Односно, во периодот од 2008 до 2020 година присутен бил значителен јаз меѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ земјите и кај нас.
Имено, во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4 отсто во БДП на ЕУ-27, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Северна Македонија со 27,7 отсто. Овој јаз со текот на годините се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8 отсто.
„Концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход опфаќа предлог-законски решенија со кои се ревидираат преференцијалните даночни третмани што ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем.
„Концептот, што е во нацрт верзија, е изработен врз основа на сеопфатни и длабински анализи на постојниот даночен систем и најдобрите европски практики. Исто така, при конципирањето на предложените решенија земени се предвид и препораките од меѓународните организации како ММФ, Светска банка, ОЕЦД и ЕУ. Инклузивниот пристап продолжува со претставување на концептот пред јавноста, за да се утврди прифатливо решение за сите страни“, велат од МФ.
Даночната реформа ги опфаќа данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика, а предвидените законски измени во најголем дел се планира да се применат од 1 јануари 2023 година.
Оваа власт во Македонија веќе имаше воведено прогресивен данок на личен доход, но потоа тој привремено се укина, со образложение дека ќе се прават нови аналчизи со цел да се воведе поиздржано даночно решение, што исто така се најави за од стартот на 2023 година.