logo
logo
logo

НОВИ МЕРКИ: Добро ПРОЧИТАЈТЕ што ве чека ако ПАТУВАТЕ во овие земји!

Vecer | 16.09.2021

НОВИ МЕРКИ: Добро ПРОЧИТАЈТЕ што ве чека ако ПАТУВАТЕ во овие земји!

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови Ковид-19 правила за патници кои влегуваат во нивните земји.

За Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Македонија, заради туристички или каков било друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина (Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check). Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Доколку лицето ги исполнува услови за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страницата на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula

Белгиската Влада, пак, воведува карантин за невакцинираните патници кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони меѓу кои е и Македонија. Поради зголемениот број на нови „Ковид-19” пациенти во болниците во регионот на главниот град и пошироко во Белгија, веќе од утре (петок, 17 септември) ќе се воведат построги правила на карантин за патниците кои пристигнуваат од црвената зона. Оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал) или немаат сертификат за прележана болест, по пристигнувањето во Белгија од црвената зона, мора да поминат 10-дневен период на карантин. Карантинот може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

За влез во Австрија мора да обезбедите еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележан KОВИД-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) 10 дена, кој може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

Малолетниците до дванаесет години, исто така, мора да се изолираат и да се регистрираат при пристигнувањето, освен ако возрасниот што патува со нив не е ослободен од самоизолација; децата над 12 години мора да поседуваат доказ за вакцинација или доказ за прележан KОВИД-19. За примена вакцина со единечна доза, мора да покажете дека сте ја примиле вакцината пред повеќе од 21 дена, но не повеќе од 360 дена ) пред пристигнувањето.

Повеќе информации за рестриктивните мерки за сите држави можете да најдете на веб страната на МНР, поконкретно на следниот линк –https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk