logo
logo
logo

Нови хоспитализирани во изминатите 24 часа

Vecer | 12.02.2021

Нови хоспитализирани во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 249 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти  и ниту еден  на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 6 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 249 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Во земјава се лекуваат 342 пациенти

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 342 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.  Во болницата во Штип се хоспитализирани 31 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекува 31 болен, а во Куманово 46 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 28, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 591 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk