logo
logo
logo

Нови два земјотреси: Тлото во Македонија не мирува!

Vecer | 15.03.2021

Нови два земјотреси: Тлото во Македонија не мирува!

Изминатите денови Македонија беше погодена од серија земјотреси, а уште два беа регистрирани синоќа со епицентар во мавровското подрачје.

Според податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, во 22.38 часот се случил земјотрес со магнитуда 3,5 според Рихтер, со епицентар на 21 километар југозападно од Гостивар, на длабочина од 5 километри. Послаб потрес е евидентиран во 15.15 часот, со магнитуда 2,2 според Рихтер, на длабочина од 2 километри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk