logo
logo
logo

НОВИ АЛБАНСКИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО: Не мора да знае македонски јазик...

Vecer | 13.05.2021

НОВИ АЛБАНСКИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО: Не мора да знае македонски јазик...

По серијата контрадикторни и контроверзни предлози на дел од албанските политички партии во врска со прашањето за начините за стекнување македонско државјанство, нови моменти повторно ја брануваат јавноста.

За потсетување, првично се предлагаше „со изјава на двајца сведоци да може да се докаже бараниот услов за добивање пасош и државјанство“. Потоа имаше и обид со „лидерска средба и со политички договор“ да се договорат екстра лабави услови за издавање македонско државјанство, што беа надвор од секоја правна и меѓународна логика.

Најновите барања на албанските партии е да се воведат измени во постојниот јазик за државјанство, според кои, „кандидатите би можеле да аплицираат за пасоши и да добијат државјанство без познавање на македонскиот јазик и неговото писмо“.

Алијанса на Албанците и Алтернатива веќе неколку недели чекаат одговор од власта „дали е прифатливо македонско државјанство да се добива без познавање на македонскиот јазик, што сега е законски услов“.

Според најновиот предлог на албанските партии, ова нивно барање се заснова на Законот за употреба на јазиците и Уставот на земјата, кој гарантира дека покрај македонскиот, друг службен јазик е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од населението.

Од партиите информираат дека нивните измени на ова законско решение се базираат на одредба што би се однесувала на лица што се стекнуваат со државјанство по основа на тоа дека се родени во Македонија, но го говорат еден од двата јазика.

Натаму, според предлогот што се темели врз знаењето на албанскиот јазик, би се измениле и одредбите за натурализација, кои предвидуваат олеснување на постапките, како и за апатридни лица, но и за лицата што сакаат да бидат граѓани преку брак или редовна дозвола за престој.

Во врска со овој нов предлог од албанските партии неодамна се огласи и премиерот Зоран Заев, кој истакна дека текстот на законот на албанските партии „не е во согласност со усниот договор што го имале за време на нивниот состанок минатиот месец!“

Како се добива државјанство во демократските држави

Светските искуства за стекнување државјанство во земји како САД, Германија и Британија, Иѕталија... сите до една, предвидуваат задолжително познавање на јазикот на нацијата на која апликантите за државјанство сакаат да станат дел.

Во САД, законите пропишуваат дека освен задолжително познавање (зборување, читање и пишување) на англиски јазик, треба да има добри познавања на политичкото уредување и историјата на државата, а дополнително апликантите за државјанство мораат да исполнат и серија законски одредби, како што се најмалку 5-годишно легално престојување во една од сојузните држави, петгодишен брак со американски државјанин и друго…

Во Германија, пак, оној што сака да се стекне со германско државјанство мора најпрво да се испише од државјанството на земјата од која потекнува, а дури потоа треба одлично да го познава, пишува и говори германскиот јазик и да ги познава општествените и законски норми на државата.

Во Британија за да се добие тамошно државјанство, кандидатите што аплицираат мораат да минат низ бодовен систем на тестови, со кои ако се исполни квотата одредено лице може да се стекне со тамошен пасош и документи. Како една од нормите што носат голем број поени е токму течното познавање, говор и пишување на јазикот на нацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk