logo
logo
logo

МојДДВ со НОВА ОПЦИЈА на апликацијата за скенирање сметки

Vecer | 11.02.2021

МојДДВ со НОВА ОПЦИЈА на апликацијата за скенирање сметки

Нова опција за корисниците на апликацијата за скенирање на фискални сметки МојДДВ.

Како што соопшти УЈП на електронската платформа  е-ПДД поставена е опција со која секој граѓанин со најава на својот профил на  е-ПДД , има можност  во новото  прозорче ,,МОЈ ДДВ – До каде е исплатата на повратот,, да изврши увид во состојбата за исплата на парични средства по основ на МојДДВ.

-Преку оваа нова функционалност граѓанинот  може да се информира за тоа дали му е вратен дел од ДДВ за соодветното тримесечје, односно  кога е извршена исплатата,  дали трансакциската сметка  е погрешно внесена ( внесената сметка не е лично негова / внесен е број на платежна картичка), како да ја коригира погрешно внесената трансакциска сметка за да се реализира исплатата, наведуваат од УЈП.

Управата за јавни приходи, посочуваат, продолжува со поедноставување и автоматизирање на процесите, во насока на обезбедување на високо ниво на услугите за граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk