logo
logo
logo

Нова мерка, финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат

Vecer | 27.11.2021

Нова мерка, финансиска стимулација за матичните лекари ако над 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат

Тој посочи дека за претходните мерки дискутирале на седницата на Владата.
-Свесен сум дека овие се едни од најтешките мерки поради што допираат во една сфера во која досега не сме имале мерки, а тоа се работните односи, работното место, меѓутоа заклучивме дека треба дополнително да истражиме и да видиме дали ќе има некои слични мерки кои нема да бидат толку сериозни, да загрозуваат нечие работно место, а од друга страна ќе бидат стимулација за вакцинација и во таа смисла работевме интензивно, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по изјавата пред Ургентниот клинички центар.
Во однос на новиот сој, потенцира, сега е сè уште рано да се каже точно, станува збор за нова мутација на вирусот „омикрон“ која има бројни мутации посебно во делот на спајкот и сега тука е сомнежот дека можно е да е потрансмисибилен отколку сите досегашни мутации.
-Меѓутоа, ние имавме и многу други мутации кои не се проширија досега. Имаше и оние други сценарија – делта сојот кој навистина секаде се прошири. Ќе ги разгледуваме сите овие работи во понеделник на состанок на Комисијата за заразни болести, најави Филипче.
Двајца од вкупно седумте пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов” ги очекуваме да пристигнат од Бугарија, рече Филипче.
-Јас утрово разговарав со директорот на болницата. Тие се испишуваат во стабилна состојба како што впрочем беа целокупниот овој период. Станува збор за 17-годишна девојка и уште еден повозрасен пациент. Тие имаат повреди, треба да бидат сместени на Клиниката за пластичната хирургија, тука се обезбедија места. Пациентите ќе бидат задржани на опсервација и согласно тоа колку време треба да останат ќе бидат хоспитализирани после што ќе направат проценка да се испишат на натамошен домашен третман. Пристигнаа колегите од Психијатрија со цел да се даде и психолошка помош што е многу битно во овој момент, така што целосно сме подготвени да ги преземеме овие пациенти и да продолжи лекувањето, додаде Филипче.
Одговарајќи на новинарски прашања рече дека сегашната најава е дека тројца други пациенти треба да дојдат во понеделник.
-Ќе искомуницираме уште еднаш во утрешниот ден, ќе ги организираме возилата ако состојбата го дозволува тоа ќе го организираме и транспортот. Сите се во стабилна состојба и сите се со полесни повреди, освен едниот пациент кој имаше два хируршки зафати, еден поради скршеница на потколеницата и друг поради нешто посериозно скршеница на два пршлени и тој е во стабилна состојба, така што сите овие останати имаат повреди кои се во сферата на пластичната хирургија – посекотини, нагмечувања…, а тој пациент во сферата на трауматологијата, додаде Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk