logo
logo
logo

Нов состанок на Комисијата за заразни болести

Vecer | 26.03.2021

Нов состанок на Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да одржи нов редовен состанок.

На состанокот ќе се дискутира за актуелната состојба со коронавирусот.

По завршувањето на состанокот на Комисијата за заразни болести ќе се знае дали до Владата ќе бидат препорачани построги мерки, односно викенд-карантин.

Инаку, според здравствените власти државата моментално се наоѓа во третиот бран од коронавирус, а пикот, како што беше порачано деновиве во нивните изјави, веќе од следните недели ќе почне да се намалува.

Министерството за здравство вчера информираше дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа биле направени 3.897 тестирања, а регистрирани биле 1.264 нови случаи на Ковид-19.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk