КУМАНОВО

Нов погон на "Бонум" во Драгоманце

Во селото Драгоманце е отворен нов производствен капацитет на фирмата "Бонум". Објектот, кој порано беше во сопственост на чевларскиот гигант Чик, сега има капацитет за преработка на 6.000 тони зеленчук, а располага со 5.000 метри квадратни платоа и 5 хектари земјиште. Во почетокот се очекуваат 100 вработувања, вели сопственикот на "Бонум", Момчило Ивановски. На свеченото отварање на новиот погон на "Бонум" присуствуваа градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане, Зоран Дамјановски и Власта Димковиќ, кој истакна дека фирмата со свои инвестиции ќе придонесе за развој на руралниот регион. И.Б

Поврзани

Најнови вести

Коментари