Нов обид да се донесе законот за јазиците во Собранието

Законот за употреба на јазиците денеска повторно ќе се најде пред пратениците. Ова е договорено на вчерашната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, меѓу координаторите на пратеничките групи. Продолжението на 32. седница, на која оваа точка е на дневен ред, спорeд најавите, се очекува да биде закажано за 13 часот.

Од координативаната средба не откриваат како ќе се постапи по сите 35 илјади амандмани што ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако собранискиот спикер Џафери во неколку наврати потенцира дека според него нема решение ако се расправа за секој амандаман одделно, туку тоа, како што образложи, би значело закочување на работата на парламентот.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари