logo
logo
logo

Нов ЕУ самит поради сојот Омикрон

Vecer | 29.11.2021

Нов ЕУ самит поради сојот Омикрон

Додека земјите членки на ЕУ поединечно почнаа да воведуваат нови рестрикции за слободното движење во Унијата, Европската Комисија денеска ги повика да не го прават тоа и да се придржуваат до правилата воведени со Дигиталниот ковид сертификат летово. Португалија и Полска веќе најавија посебни ограничувања за сите патници без разлика дали се од или вон ЕУ. Поради ова претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, би требало да свика вонреден самит преку видеоконференција во наредните денови за да се координира европскиот одговор пред ширењето на сојот омикрон откриен благодарени на научниците од Јужна Африка. Овој сој е лесно пренослив, но не е јасно сè уште какви симптоми и последици предизвикува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk