logo
logo
logo

Нов детал за пожарот во Тетово - ПРОДОЛЖЕН КАБЕЛ

Vecer | 18.09.2021

Нов детал за пожарот во Тетово - ПРОДОЛЖЕН КАБЕЛ

Една од можните причини за пожарот кој буквално за три минути ја пеплоса модуларната болница е дефиблиратор, пренесува 4NEWS.mk. Дефиблираторот бил вклучен на продолжен кабел кој бил слаб и не можело да го издржи напонот под кој работи дефиблираторот и количината на струја која ја повелкува при употреба.

Според нивните неофицијални информации, за време на употребата на дефиблираторот за спас на еден од пациентите, кој подоцна почина, дошло до прва експлозија, а подоцна кислородот присутен во просторијата си го направил своето и допринел за ширење на пожарот.

Подоцна, експлодирале и неколку други боци кои се наоѓале внатре во модуларната болница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk