logo
logo
logo

Ниту вози, ниту има возачка, А ТРЕБА ДА ПЛАТИ ЗА СООБРАЌАЈКА - НОВ СКАНДАЛ ВО АНБ?

Vecer | 06.12.2022

Ниту вози, ниту има возачка, А ТРЕБА ДА ПЛАТИ ЗА СООБРАЌАЈКА - НОВ СКАНДАЛ ВО АНБ?

Скандал по скандал во АНБ. После државјанството за контроверзниот  украински политичар Олександр Онишченко, во Агенцијата за национална безбедност, има нов скандал

Истиот е поврзан со неколку автомобили кои наместо на име на Агенцијата, биле заведени на лични имиња на вработени од секторот за стратешка соработка, дел од кои воопшто не ни имале возачка дозвола, објави  Слободен печат.

За случајот се дознало, кога на една од вработените и стигнала опомена дека извршител ќе и наплати за наводна сторена сообраќајка во која што таа ,,учествувала” со возилото кое што било на нејзино лично име, а не на име на АНБ, но таа ни вози ни има возачка.

Автомобилот бил регистриран на нејзино име, а тој што го возел, кога ја направил сообраќајката во европскиот записник ги дал нејзините податоци, односно податоците од сопственикот на автомобилот. Потоа на тој фалсификуван записник, продолжил и да ги плаќа оштетите од сообраќајката на име на вработената.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk