logo
logo
logo

Николов: СДСМ да го прифатеше проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички центар, подобро ќе се справевме со пандемијата

Vecer | 25.02.2021

Николов: СДСМ да го прифатеше проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички центар, подобро ќе се справевме со пандемијата

Мене што она најмногу ме мачи како лекар е што не гледам како ќе изгледа финалниот проект нов клинички, тоа го нема.

Сите здравствени работници сакаат модерно здарвство, а во моментов ни треба зајакнување и тоа дисперзирано зајакнување, а не како што сега нудат нов клинилки центар кој ќе бил одговор на потребите на здравството, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на утринската програма на телевизија Алфа.

Според него доколку се работеше и имаше континуитет сега ќе беше готов проектот од владата на ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе зборувавме за втор клинички центар.

„Претходниот доколку го продолжеја наместо да го прекинат подобро ќе се одговореше на корона кризата. И наместо реализација на првиот проект го добивме паркингот и тоа не е ниту на два ката како што велеа, а и покрај тоа пак е хаос и со сообрќајот. Сега на кампусот клиники Мајка Тереза недостасува тријажен центар, модерна инфраструктура, а таа беше планирана“, рече Николов.

И сега што се прави некаков мегаломански проект за кој ништо не знаеме, а нудат закон, кој велат ќе чини околу половина милијарди евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk