logo
logo
logo

Николоски: Зголемувањето на цената на горивата значи ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Vecer | 16.06.2021

Николоски: Зголемувањето на цената на горивата значи ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

Во услови на економска криза, зголемена невработеност, огромни трошоци за живот, владата одлучува да зголемува цена на горивата, а во најава е и зголемување на цената на струјата. Уште данок на воздух да воведат… Овие катастрофални економски политики се уште еден доказ дека СДСМ не знаат како да ја менаџираат државата, дека не знаат како да донесат квалитетни економски мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски вели дека на бројни средби со стопанственици и бизнис секторот  речиси сите укажуваат на скапиот транспорт на стоките кои ги произведуваат, од друга страна на средбите со транспортните работници е посочено дека поради корона кризата имаат значително помалку работа, а огромен удар е зголемувањето на цената на горивата.

Тој потсетува дека транспортните работници уште пред повеќе од 1 година протестираа поради тогашното зголемување на цената на горивата.

– Поради овие НЕРАЦИОНАЛНИ политики на ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, акцизите и директен удар на џебот на граѓаните Македонија е пред ИНФЛАЦИЈА. Зголемувањето на цената на горивата значи ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ на сите продукти кои граѓаните ги купуваат. Покрај директниот удар на џебот на граѓаните преку таканаречената еколошка такса, граѓаните многу брзо ќе се соочат и со зголемувања на цените на сите продукти. Оваа такса е директен удар и на ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ кои и без ова се соочуваат со катастрофален откуп и нивната мака не се вреднува. Катастрофални економски полити, напиша Николоски на Фејсбук

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk