logo
logo
logo

Николоски: ЗАЕВ ПОДГОТВУВА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО СО БУГАРИЈА, тоа се нашите сознанија

Vecer | 05.06.2021

Николоски: ЗАЕВ ПОДГОТВУВА НАЦИОНАЛНО ПРЕДАВСТВО СО БУГАРИЈА, тоа се нашите сознанија

Зоран Заев да излезе пред македонската јавност и да каже за што точно преговараат со Бугарија, до денеска немаме никаков кредибилен одговор од негова страна за што преговараат, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски денеска од Ѓорче Петров одговарајќи на новинарско прашање истакна дека гледаме дека во Македонија доаѓаат разни европски политичари  кои што нудат одредени решенија, но за тоа Зоран Заев не ја запознава јавноста.

Исто така се потврди дека Владо Бучковски  е во тајни преговори во Софија за кој што нема никакви информација во јавноста. Нашите сознанија е дека се подготвуваат да извршат национално предавство и наша работа како опозиција, а и како најголема национална партија во  Македонија, пред се партија на македонскиот народ и на сите останати кои што живеат во Македонија, партија на македонско национално единство е да ги изнесеме овие информации во јавноста, со цел да ја алармираме јавноста и да ја повикаме јавноста да спречат национално предавство, потенцира Николоски.

Тој додаде дека контрапродуктивно е однесувањето на Зоран Заев кој што води тајни преговори, а не е контрапродуктивно однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кое што бара одговори на овие прашања.

Николоски исто така посочи дека основните причини поради кои Македонија не може да отпочне преговори за членство во ЕУ се високиот степен на криминал и корупција, немањето реформи во јавната администрација и економското уназадување.

- Да најавам дека во понеделник ќе се случи седница на Националниот  совет за евроинтеграции на кои што основна точка ќе е токму состојбата со европските интеграции и овие тајни преговори, а она што исто така сакам да го искоментирам е дека основната причина зошто Македонија е во ваква состојба да не може ни датум за преговори да почне, камоли да стане земја членка на ЕУ е високиот степен на криминал и корупција , немањето реформи во јавната администрација и економското уназадување, посочи Николоски.

Николоски истакна дека тоа се трите причини зошто ЕУ не дава датум за преговори, затоа што доколку беа убедени во спротивното досега ќе имаше притисок врз Бугарија.

- Не одлуката за почеток на преговори единствена одлука која што се носи со консензус, бројни одлуки во рамки на ЕУ се носат со консензус во текот на годината, дел од нив секако се во корист и на Бугарија и доколку сите останати земји членки се убедени дека во Македонија нема криминал и корупција, дека има реформи и дека економијата напредува ќе извршеа силен притисок врз Бугарија да не става вето, но имајќи предвид дека не го прават тоа всушност јасно покажуваат  на јавноста дека криминалот и корупцијата, немањето реформи и економското уназадување се основната  причина  зошто Македонија не почнува преговори, додаде Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk