logo
logo
logo

Николоски открива за фирми од Хрватска и лукративни интереси на Царовска за дигиталните учебници

Vecer | 13.05.2021

Николоски открива за фирми од Хрватска и лукративни интереси на Царовска за дигиталните учебници

Причина зошто Царовска форсира дигитални учебници е тоа што одредени компании од Хрватска поврзани со нејзини лукаративни интереси и дали вкупно за пет години треба да се потрошат 125 милиони евра на овој проект на еден крајно сомнителен начин, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Клик плус“ на ТВ21.

Николоски вели дека  книгите како книга се незаменливи во образовниот процес на децата за тоа што образовниот процес не е само стекнување на знаење, тоа е еден цел систем на социјализација.

- На пример Франција пред неколку дена министерот за образование кажа дека забрануваат секаков електорнски уред во школите за сите деца до 15 години. Веројатно не се будали во Франција да забранат да има било како електорнски уред до 15 години. Направиле истражувања, претпоставувам дека премногу ги има веќе електронските уреди, дека децата дома ги користат, дека ги користат и во школо и дека едноставно губат социјализација и губат друг начин на едукација. Тоа е првата причина зошто сме против, рече Николоски

Тој потенцира дека втора причина поради која не треба да има дигитални учебници е дека никој во Македонија виде како ќе изгледа тој дигитален учебник.

Излегуваат, промовираат, но не кажуваат како ќе изгледа од причина што повторувам имаме сомнеж дека има лукаративни интереси. Последното нешто што не го знае јавноста теоретски доколку се реализира овој проект од септември ни дигитални, ни печатени учебници за прво и за четврто одделение ќе нема, за тоа што во делот на законот се предвидува дека учебниците централизирано ќе ги издава Бирото за развој на образование и истото ќе избира текстови кои што ќе одат на конкурс, а конкурсот ќе биде меѓу октомври и мај. Ако помине законот сега како што предвидува Мила Царовска за четврто одделение ниту дигитални учебници ќе има, ниту печатени учебници. Децата ќе одат во школо без учебници, нагласи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk