logo
logo
logo

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ води со 21,7% пред СДСМ која има 14%

Vecer | 24.06.2021

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ води со 21,7% пред СДСМ која има 14%

ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, народот не ја сака власта и ќе ги казни на избори, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“  во дневникот на Сител кој потенцираше дека според теренските анкети ВМРО-ДПМНЕ си 21,7% води пред СДСМ која има 14%.

Николоски коментирајќи ја анкетата на ИРИ која се појави скоро во јавноста вели дека има недоследности како што е многу чудно што анкетата е правена во месец март, а е објавена во јуни.

- Маргината за грепка за локални е 6%, а стандардна маргина на грешка е под 3%. И последното најважно е нереално прашање дали би гласале за Шилегов од СДСМ или кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ кој во моментов не е објавен. Така граѓаните не можат да одлучат бидејќи не е исто кој ќе биде кандидат, затоа луѓето одлучуваат и за личности, рече Николоски.

Тој додаде дека во однос на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ се подготвува  и води интензивни разговори со постојните коалициони партнери.

- Имавме со посредство на фондацијата „Конрад Аденауер“  интензивен дијалог со политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, сметам дека тоа е еден конструктивен дијалог кој треба да  го продолжиме следниот период, нагласи Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk