Попретседателот Александар Николоски посочи дека власта на СДСМ во Македонија за само 4 и пол години уништи се што генерации наназад создавале потпишувајќи штетни договори спротивни на националните и државни интереси.
 
– И ако некој мисли дека е невозможно, возможно е, а дополнително на тоа да испокрадат се што можат да испокрадат, вели потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата вчерашното шоу на Богдан Илиевски на ТВ Алфа.
 
Во однос на францускиот предлог, Николоски смета дека прифаќањето на бугарските барања од страна на владата на СДСМ и Ковачевски всушност значи бугаризација, потенцирајќи дека за сите останати земји кои преговараат за членство со Европската унија мора да исполнат три критериуми, само за Македонија постои четврт критериум а тоа се билатералните договори со Бугарија и Грција.
 
Овој француски предлог кој што се состои од три документи го знам многу добро и таму има јасни делови. На пример, постојат таканаречени критериуми според кои се оценува напредокот на Македонија кон Европската Унија. Како во спорт кога се цени резултатот, е тука се дефинираат критериумите врз основа на кои ќе се цени резултатот, а резултатот е дали Македонија ќе стане или нема да стане членка на Европската унија. Таму има три критериуми кои што се за сите земји кои што досега преговарале и само за Македонија постои четврти критериум а тоа се билатералните договори со Бугарија и Грција, која што ниту една друга држава ги немала и членот од протоколот 12 на договорот со Бугарија кој што поедноставено кажано за народот или промена на учебниците по историја, по географија, дефинирање на македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик, ништење на македонската нација на начин што ќе се произнесе дека не постоела пред 44–45та, и бришење на македонската култура преку бришењето на  целокупната преродба тука на Прличев, Миладиновци, Жинзифов итн, или нема членство во Европската Унија. Ако ова не е бугаризација, не знам што е бугаризација и најдобар доказ за сето ова е точно е што Македонија во моментот не води преговори со ЕУ затоа што услов за да почнат преговорите е да се промени Уставот, истакна тој.
 
За внесување на Бугарите во македонскиот устав, Николоски рече дека самото внесување на Бугарите е спорно затоа што тие го негираат постоењето на македонскиот национален идентитет, и бараат да бидат запишани како основачи на македонската држава.
 
Внесувањето на Бугарите е многу спорно, затоа што не знам колку граѓаните ја знаат Преамбулата на Уставот, таму вели дека Република Македонија е основана и во неа живеат македонскиот народ и делови од другите народ. Значи, Бугарите бараат да бидат запишани како основачи на македонската држава, тоа е првото. И второто, тие се единствените кои што го негираат од сите запишани во Уставот македонскиот национален идентитет, затоа што ниту Албанците, Турците, Србите, Власите, ниту Ромите не велат дека ние сме Албанци, Турци, Власи, Срби или Роми, тука велат дека сме различни, а овие велат дека сме исти, дециден е Николоски.