logo
logo
logo

Николоски: Вистината боли, особено го боли Османи, како и Заев и Ковачевски – ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот

Vecer | 26.06.2022

Николоски: Вистината боли, особено го боли Османи, како и Заев и Ковачевски – ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот

-Вистината боли. Особено го боли Бујар Османи, како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Вчера кажав дека Бујар Османи работи Албанија да почне преговори со ЕУ, а за Македонија што биде, биде. Тоа го боли. Ама вистина е. Исто како што пред 4 години кажав дека работи Македонија да влезе во иста група со Албанија која беше многу позади нас. Рекоа дека тоа што го кажувам е ,, научна фантастика“ . После неколку месеци таа ,,научна фантастика“ се реализираше и Македонија НЕ ДОБИ датум за преговори, ама затоа влезе во иста група со Албанија. Исто така уште тогаш во 2018 кажав дека Македонија со СДСМ и ДУИ нема да почне преговори. Еве ја 2022 Македонија НЕ ПОЧНУВА преговори. Вистината боли ама мора да се кажува. Одговорност и оставки веднаш затоа што ја пониживте Македонија и ја оставивте на дното на Европа и Балканот, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со денешната објава на министерот за надворешни работи Бујар Османи.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk