logo
logo
logo

Николоски: Релевантните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ, затоа Заев бега од предвремени парламентарни

Vecer | 25.06.2021

Николоски: Релевантните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ,  затоа Заев бега од предвремени парламентарни

Релевантните анкети, оние кои се теренски покажуваат големо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и покажуваат дека граѓаните ќе го казнат Заев за играњето со државните и национални интереси, недобивањето на датум и лошото справување со корона и економската криза, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Трилинг“ на 24 ТВ.

Николоски во однос на неодамнешната анкета на ИРИ вели дека таа е правена во месец март, а се објави во јуни и прашање само по себе зошто е тоа така, но потсети дека на последната анкета која ја има ВМРО-ДПМНЕ и која што е теренска, ВМРО-ДПМНЕ има 21,7% проценти, СДСМ има околу 14%.

- Тоа е доказ дека од март досега се случи топење на СДСМ во делот на корона кризата не набавија вакцини, имаше ужас во делот на корона кризата, финансиски имаше лоша ситуација и излегуваат разговори кои Заев ги води во однос на националните прашања. За анкетата на ИРИ битна е медотологијата. На пример, за градоначалниците маргината на грешка е 6% во анкетата на ИРИ, а стандардна маргина веќе и не се осудуваат повеќе од 2%. Второ не може да се постави прашање за непознат противник како што е прашањето дали би гласале за кандидатот на СДСМ тој и тој, или кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој не е објавен. За да може да ги мерите треба да се знаат двајцата, за да може да се споредуваат, рече Николоски.

Николоски додаде дека за локалните избори во однос на кандидат за  Скопје за  се гледа расположението кај граѓаните и тука се мерат и партиски и непартиски личности и сите стојат подобро од Шилегов, а втората варијабла е дали ќе има парламентарни заедно со локалните избори што целосно го менува наративот.

- Затоа што  такви ако се само локални, тогаш тие ќе бидат референдум дали граѓаните сакаат предвремени парламентарни избори.  За Заев е добро сега да прифати парламентарни заедно со локалните од причина што на овој начин покажува слабост, негов главен аргумент беше дека Македонија ќе почне преговори со ЕУ. Бегањето од избори доволно кажува што мислат граѓаните, истакна Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk