Николоски: Македонија Пат со тендер над 2 милиони евра за косење на трева и кастрење на дрва на патен појас

Александар Николоски на својот Фејсбук-профил објави нови детали од скандалозниот тендер на Македонија пат.
„Македонија пат“ има склучено договор со друга фирма за 25 пати поевтини цени на услугата за косење на трева и дрва на патен појас од цената на ЈПДП чија вредност достигнува над 2 милиони евра. Или, ако „Македонија пат“ обезбедила фирма да го направи сечењето на дрвата и косењето на тревата за 0,46 денари по м2, новата фирма од Кичево на тендерот на ЈПДП истата оваа услуга ја наплаќа 12 денари по м2. Односно, договорот на „Македонија пат“ кој е се уште важечки изнесува 1 милион евра за две години, а новиот договор на ЈПДП изнесува скоро 2,5 милиони евра. 1,5 милиони евра повеќе!, пишува Николоски.