logo
logo
logo

Николоски: Македонија е пред сериозна енергетска криза, а граѓаните не можат да си ги платат сметките, владата да го прифати планот на ВМРО-ДПМНЕ за да не се почувствува ценовниот шок

Vecer | 08.12.2021

Николоски: Македонија е пред сериозна енергетска криза, а граѓаните не можат да си ги платат сметките, владата да го прифати планот на ВМРО-ДПМНЕ за да не се почувствува ценовниот шок

-Граѓаните чекаат акции и попусти за да си ги купат основните намирници, и се тресат како ќе ги платат поскапите сметки за струја, додаде тој.
Николоски вели дека утре во Собрание ќе се разговара за продолжување на оваа т.н. енергетска кризна состојба, но јавноста треба да знае дека гасот ќе поскапи три пати, што значи парното 2 до 2 ипол пати, а за електричната енергија, да не ја лажат јавноста, за компаниите е поскапена 4 до 5 пати, а не проценти.
-Фирмите ќе почнат да испуштаат од работа затоа што нема да можат да ги издржат тие цени. Нашиот план е план за помош за граѓаните и компаниите за да не се почувствува ценовниот шок, од струјата и греењето во вредност од 250 милиони евра, нагласи Николоски.
Во однос на комисиската расправа за буџетот, тој вели власта ги одби повеќето амандмани и јасно е на каде одат работите.
-Власта прикажува лажни податоци и лаже дека пораснала економија, врз основа на лаги се задолжувале и сега Македонија мора повеќе да враќа, а тоа се одразува на граѓаните. Оваа влада нема капацитет за решавање на проблемите, немаме квалитетни одговори на овие прашања. Лажат исто како што денес не однеле јаглен во РЕК, а велеа 900 тони или РЕК до ден денес не е ставена во целосна функција, Македонија мора да увезува поголема струја, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk