logo
logo
logo

Николоски: Македонија е пред БАНКРОТ, со галопирачка инфлација (ВИДЕО)

Vecer | 22.05.2021

Николоски: Македонија е пред БАНКРОТ, со галопирачка инфлација (ВИДЕО)

На денешната посета во Сопиште, потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во однос на најавите за зголемување на даноците на Зоран Заев, истакна дека тоа е признание за економското фијаско, како и дека Македонија е пред банкрот со галопорачка инфлација од 3%, а истото не е решение на проблемите.

„Ги гледам како признание за економското фијаско кое и се случува на Македонија, долгот со Зоран Заев во апсолутни бројки порасна за 2 милијарди и 800 милиони евра, во проценти е некаде околу 63% од БДП, односно ја надминува онаа психолошка бариера од 60% која е и Мастришки критериум за членство во Европската унија“, критикуваше Николоски.

Николоски вели дека ова е признание дека Македонија е пред банкрот, но и потврда за дека Македонија е на раб на една галопирачка инфлација и имајќи предвид дека проекциите на НБРМ беа со 1,5 % инфлација, па се корегираа на 2,5%, а веќе во овој момент имаме 3% инфлација, а крајот на годината е далеку, уште седум месеци има до крајот, а решението на овие проблеми не е со зголемување на даноците, појасни тој.

Тој порача исто така дека решението на наброените проблеми е создавање на можности за зголемување на економската активност како би можеле стопанствениците да произведуваат повеќе, да продаваат повеќе, а врз основа на тоа да плаќаат повеќе данок.

„Нашата политика, на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на даноците, не нивно зголемување, затоа што сметаме дека повеќе пари треба да останат за стопанството, како би имале по мотивирани стопанственици, но и подобро платени работници, кои би создавале поголема додадена вредност“ вели Николоски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=VqPN30Toxh8[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk